6 дн. назад
Мицкоски: 2026 ќе биде година на реформи и реализација на проекти
Оваа ќе биде година на реформи, во која ќе се завршуваат проектите и ќе се ставаат во функција објектите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новата градинка „Сончогледи“ во општина Гевгелија. Според него, 2026 ќе биде година на големи и крупни чекори во делот на градежништвото, образованието, енергетиката, економијата, земјоделството... - Генерално, ќе биде година на реформи. Имаме јасен план, имаме јасна агенда. Ова честопати го кажувам, граѓаните, но и бизнисот, не треба да се грижат бидејќи оваа Влада работи според план, динамика и однапред подготвени решенија за сите потенцијални проблеми што претходно ги антиципирам, изјави Мицкоски. Тој потсети дека градинката во Гевгелија е четврта нова градинка пуштена во употреба од почетокот на годината, односно за само осум дена четири градинки се во функција. - Четири градинки се веќе во функција, опремени со персонал и со нагледни средства, целосно функционални. Така продол...
Экономика