home Все Новости open_in_new Подробнее

Неименуван ирански функционер: Околу 2.000 лица се убиени во протестите во Иран

Неименуван ирански функционер денеска изјави дека околу 2.000 луѓе загинале во протестите во Иран. Тој го кажа ова за Ројтерс и додаде дека „терористите“ се виновни за смртта на цивилите и припадниците на безбедносните сили. Иранските власти претходно ги обвинија САД и Израел за организирање масовни протести во земјата кои траат од 28 декември минатата година. Протестите, првично предизвикани од тешката економска состојба и девалвацијата на националната валута, наскоро добија политичка димензија. Според вестите на „Активисти за човекови права“ со седиште во САД, за време на двонеделните протести приведени се повеќе од 10.700 лица, додека вкупно 646 лица загинаа, вклучувајќи 512 демонстранти и 134 припадници на безбедносните сили, пренесува Ројтерс. Поради прекинот на интернетот, независна проценка на обемот на протестите и бројот на жртви од странство е тешка, а иранските власти не објавија официјален број на жртви, наведува британската агенција.


today 37 ч. назад attach_file События

attach_file События
37 ч. назад Неименуван ирански функционер: Околу 2.000 лица се убиени во протестите во Иран
attach_file События
attach_file События
attach_file События
2 недель назад ВИДЕО: Сиднеј ја дочека Новата година со спектакуларен огномет
attach_file Разное
2 недель назад Во Албанија целосно се амнестираат 380 затвореници, 900 други добија намалени казни
attach_file Разное
attach_file Разное
2 недель назад Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
attach_file Разное
4 недель назад Најмалку 13 патници загинаа во автобуска несреќа во централен Иран
attach_file Транспорт


ID: 2123218059
Add Watch Country

arrow_drop_down