Најмалку 14 лица загинаа откако беа однесени од ненадејни поплави во Северен Сулавеси, во Индонезија, изјави денеска официјален претставник, додека потрагата по исчезнатите продолжува. Вчерашните поројни дождови предизвикаа ненадејни поплави на островот Сијау, што се наоѓа во регионот Сијау Тагуланданг Биаро, изјави Нуриадин Гумеленг, портпарол на локалната агенција за спасување. Шеснаесет спасувачи се распоредени за да бараат четири исчезнати лица, изјави Гумеленг, додавајќи дека досега се повредени 18 лица. „Продолжуваме да собираме информации од локалните жители во случај да има повеќе исчезнати лица“, рече тој. Главните патишта во погодените области сè уште се покриени со камења, остатоци и густа кал, рече Гумеленег. Портпаролот на Државната агенција за ублажување на катастрофи, Абдул Мухари, изјави дека најмалку 444 лица се евакуирани во локалните училишта и цркви по ненадејните поплави. Властите распоредија багери за да ги расчистат патиштата блокирани од остатоци и кал, а ст...