4 дн. назад
ЕСМ: Охридско Езеро е на безбедна кота, далеку од максимумот, под контрола е и нивото на акумулациите Глобочица и Дебарско Езеро
АД ЕСМ ја информира јавноста дека интензивните врнежи кои ја зафатија земјава во изминатите четири дена влијаат на зголемување на нивото на акумулациите кои се користат за производство на електрична енергија и не постои опасност од нивно преливање. Во сите акумулации нивото на водата расте, но има доволно простор за прифаќање на силните дотеци од овој бран. Особено е изразен порастот на котите во Југозападниот дел од државата. Последните три дена, нивото на Охридско Езеро расте по неколку сантиметри дневно и заклучно со вчерашниот ден е на ниво од 693,33 м.н.в, што е за два сантиметри над просекот за ноември, согласно мерењата на стручните служби од АД ЕСМ, Подружница ХЕС Црн Дрим. Сепак, тоа ниво е далку од максимално дозволената кота која изнесува 693,75, односно 694 метри надморска височина. Во тој контекст, апелираме да се користат релевантни податоци за нивото на Езерото кое е на сосема безбедно ниво и не претставува директна опасност за Охридско-струшкиот регион. Исто така, се...
Разное