home Все Новости open_in_new Подробнее

Николоски: Инвестираме 21 милион евра за набавка на нови пет електрични локомотиви

Инвестираме 21 милион евра за набавка на пет нови електрични локомотиви кои ќе бидат од суштинско значење за зголемување на карго-транспортот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и директорот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ го потпишаа Договорот за заем од ЕБРД за набавка на нови електрични локомотиви. Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири кои се понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај, изјави Николоски. Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски. „Навистина ми е драго што денес имаме можност да го заокружиме еден исклучително важен процес кој ќе значи набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, заедно со пропратни резервни делови. Ова е навистина голем чекор напред за Железници за транспорт и во делот на карго-превозот...


today 2 недель назад attach_file Экономика

attach_file Спорт
2 недель назад Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго
attach_file Разное
attach_file Экономика
2 недель назад Николоски: Инвестираме 21 милион евра за набавка на нови пет електрични локомотиви
attach_file Экономика
2 недель назад Николоски: Целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата
attach_file Спорт
2 недель назад Мицкоски: Инвестиција од 21 милион евра за набавка на 5 нови електрични локомотиви
attach_file Экономика
2 недель назад Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
attach_file Спорт


ID: 606498301
Add Watch Country

arrow_drop_down