4 дн. назад
До Центар за јавно здравје Куманово пристигнала една пријава за заболен ученик од шуга, преземени сите мерки во училиштето
Во Центарот за јавно здравје Куманово потврден е еден случај на заболен од шуга од Романовце, информираа денеска од јавната здравствена установа. Станува збор за ученик од основно училиште „Кирил и Методиј“ од село Романовце. За останатите, нема потврда дека се заболени од шуга. Епидемиолозите смируваат дека простор за паника нема, во училиштето се преземени сите мерки за дезинфекција. - Во тек на денешниот ден пристигната е пријава за заразна болест-шуга за еден ученик во училиштето во Романовце. Направен епидемиолошки увид во училиштето каде што се дадени и препораки изолација на заболениот ученик, третирање и лекување до целосно закрепнување, третирање на членовите на семејството, засилена одржување на хигиената. Во просториите на училиштето е спроведена дезинфекција, дезинфекција по епидемиолошки индикации од страна на службата на ЦЈЗ Куманово. Сестрата на ученикот е во изолација, во моментот не е заболена. До нас има само една пријава. Контактирав со родителите на останатите от...
События