home Все Новости open_in_new Подробнее

Новинарските здруженија го испратија до Уставниот суд прашањето за затворањето на ТикТок во Албанија

Новинарските здруженија, АГШ и БИРН доставија до Уставниот суд барање за поништување на владината одлука за затворање на Платформата ТикТок, со аргумент дека е спротивна на Уставот и Конвенцијата за човекови права, објави А2 телевизија. -Не можете да одите на целосна цензура и затворање социјални мрежи. Ова ја нарушува слободата на изразување и правото на албанските граѓани. Уверени сме дека членовите на Уставниот суд нема да го легитимираат бидејќи тоа ќе создаде преседан што може да доведе до затворање на други социјални мрежи или затворање на интернетот од оваа влада или други влади што ќе дојдат потоа, рече Иса Мизирај, претседател на Асоцијацијата на албанските новинари(АГШ). По трагичната случка во која тинејџер смрттно рани свој врсник поради кавга на ТикТок, во декември премиерот Еди Рама, најави блокирање а во февруари беше донесена одлука Платформата ТикТок во земјата да се затвори од 15 март, но засега таа се уште функционира. в


today 3 недель назад attach_file Общество

attach_file Разное
attach_file Разное
3 недель назад Новинарските здруженија го испратија до Уставниот суд прашањето за затворањето на ТикТок во Албанија
attach_file Общество
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 2368897264
Add Watch Country

arrow_drop_down