3 недель назад
Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово
Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на почетокот на градежните работи. Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. “Навистина е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар. Ова десно од нас, ние сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше еден експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и о...
Транспорт