home Все Новости open_in_new Подробнее

Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против лице осомничено за разбојничка кражба, казниво по член 238 став 1 од Кривичниот законик. Како што е наведено во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот на 19 октомври со цигла го скршил стаклото од прозорецот на спалната соба во куќа на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, потоа влегол во куќата, пребарувал низ просториите и одзел 1.580 евра и 2.000 денари. Во моментот кога се обидел да го напушти местото, сопственикот на куќата го затекнал и се обидел да го спречи, но осомничениот физички го нападнал и го турнал во грмушките во дворот, по што избегал од местото на настанот. Обвинителството предложило мерка притвор поради постоење опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетениот, како и ризик од повторување на делото.


today 27 ч. назад attach_file События

attach_file Разное
27 ч. назад Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра
attach_file События
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file События
attach_file Транспорт
attach_file События
attach_file События
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
4 недель назад Судот го одби предлогот за притвор на осомничените во случајот со јавни набавки во РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали и ќе бара ефективен притвор
attach_file Общество


ID: 1482021672
Add Watch Country

arrow_drop_down