home Все Новости open_in_new Подробнее

Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал, во должина од 220 метри. Овој нов тротоар ќе обезбеди побезбедно движење на пешаците, што е значајно за сите жители на општината. Изградбата на пешачката патека е дел од поширокиот проект за реконструкција и подобрување на патната инфраструктура, кој има за цел да го подигне квалитетот на животот на граѓаните и да ја осигура безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Општина Илинден продолжува со реализацијата на тековните проекти и започнување нови, со цел да се обезбедат модерни и квалитетни услови за живеење во сите населени места на општината.


today неделю назад attach_file Разное

2 дн. назад По 50 години: Реконструкција на најстарите улици во Ѓорче Петров
attach_file Общество
attach_file Общество
неделю назад Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“ во населба Илинден
attach_file Разное
неделю назад Без струја утре повеќе скопски општини, без вода корисници од улицата „Ванчо Мицков
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Культура


ID: 3666367888
Add Watch Country

arrow_drop_down