home Все Новости open_in_new Подробнее

Општина Ѓорче Петров домаќин на 23 регионална ревија на песни, музика и игри

Општина Ѓорче Петров денеска блесна во духот на музиката, играта и културната традиција, како домаќин на 23 Регионална ревија на песни, музика и игри, организирана од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Домот на културата беше преполн со енергија, емоции и аплаузи – настапите на пензионерските друштва од повеќе општини беа вистинско сведоштво за неуморниот дух, љубовта кон македонската култура и богатото фолклорно наследство. -Во секоја песна, во секое оро и секој стих се чувствуваше гордоста што ја носиме како народ. Чест ми е што токму Ѓорче Петров беше местото каде денеска се славеше животот, заедништвото и традицијата,“ изјави градоначалникот Александар Стојкоски. Преку оваа ревија, уште еднаш беше потврдено дека културата не познава возраст – таа обединува, мотивира и инспирира. Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршка на вакви настани, кои ја збогатуваат заедницата и го носат духот на Македонија низ генерации.


today 17 ч. назад attach_file Культура

attach_file Разное
17 ч. назад Општина Ѓорче Петров домаќин на 23 регионална ревија на песни, музика и игри
attach_file Культура
attach_file Экономика
2 недель назад Пеџа Јовановиќ во „Ништо лично“ лице в лице со Антонио Димитриевски
attach_file Разное
3 недель назад Врчак: Не можев музика да слушам, последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине, неговиот глас ме врати во живот
attach_file Культура
attach_file Культура


ID: 2014963299
Add Watch Country

arrow_drop_down