home Все Новости open_in_new Подробнее

Ѓорческа беше поразена во три сета од второто коло од квалификациите на Мелбурн

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби денешниот меч од второто коло од квалификациите на Австралија опен. Поуспешна од неа беше Словенката Тамара Зиданшек со 2:1 во сетови (4:6, 6:2 и 7:5) за два часа и 15 минути игра. Ѓорческа имаше одличен почеток и првиот сет го доби со 6:4 во гемови откако успеа да направи два брејка наспроти еден на ривалката, која пак резултатски се врати во игра откако го доби вториот сет со 6:2 во гемови. Во решавачкиот сет Ѓорческа имаше одличен старт и брејк предност водеше со 1:0, а потоа и 3:1. Но, Зиданшек успеа во шестиот гем да изедначи на 3:3. Клучен за поразот беше 12. гем на сервис на Ѓорческа кога ривалката направи нов брејк што значеше и добивање на сетот со 7:5. Притоа Ѓорческа успеа да спаси една меч топка. По поразот Ѓорческа не успеа да го повтори резултатот од 2017 година кога беше дел од финалето на квалификациите на Грен слемот во Мелбурн. Ова за Лина Ѓорческа беше трето учество во квалификациите на Австралија опен.


today 18 ч. назад attach_file Разное

attach_file Разное
18 ч. назад Ѓорческа беше поразена во три сета од второто коло од квалификациите на Мелбурн
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Общество


ID: 3332907822
Add Watch Country

arrow_drop_down