13 ч. назад
Ново мултифункционално игралиште и детско катче кај трим патеката во Кисела Вода
Поддршката и мотивацијата на младите да живеат здраво и активно, секогаш е во нашиот фокус. Токму затоа посветуваме значаен дел од ресурсите во спортската инфраструктура, во нови или реконструирани терени и игралишта, што е инвестиција во здрави генерации, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Реконструираното игралиште се наоѓа во населбата 11 Октомври-Згради, покрај трим патеката и доби нов полипропиленски под кој официјално се користи за летните Олимписки игри. - Поставивме и трибина, нови кошеви, голови за фудбал - сѐ на сѐ еден модерен спортски комплекс за здраво живеење. Поставивме ново детско катче што се наоѓа во непосредна близина на игралиштето. Создадовме уште еден спортско-рекреативен простор за младите од овој дел на Кисела Вода каде што ќе можат да се дружат, рекреираат, спортуваат и да учат важни животни вештини преку игра. Ова е само уште еден од низата проекти за нашите најмлади, истакнува Ѓорѓиевски.
Культура