home Все Новости open_in_new Подробнее

По 28 години бегство: Македонец баран со потерница уапсен во Грција

Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција. Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин. Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје. За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор. АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.


today 59 ч. назад attach_file Разное

11 ч. назад Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
attach_file Общество
attach_file Разное
55 ч. назад Уапсениот во Грција е Ацо Боцевски викан „Циганот“: Беше во бегство од 1998
attach_file Разное
attach_file Общество
59 ч. назад По 28 години бегство: Македонец баран со потерница уапсен во Грција
attach_file Разное
attach_file Транспорт
attach_file Общество
attach_file Разное


ID: 2836750692
Add Watch Country

arrow_drop_down