home Все Новости open_in_new Подробнее

По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени на дома. Бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов вчера ја посети болницата во Пловдив и се сретна со двајцата пациенти. -Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги за високиот професионализам и за добро завршената работа. Докажавте дека помошта што беше дадена навреме е највредна. Сепак, како лекари, знаеме дека моќта на човечкиот дух и волјата за живот се од најголема важност. Среќен сум што овие двајца мажи го покажаа токму тоа, рече министерот Кирилов. По 6 недели лекување кое вклучува низа хируршки интервенции, рехабилитација и психолошка грижа, пациентите на УМБАЛ „Св. Ѓорѓи“ ќе бидат отпуштени. 15 лица повредени во страшниот пожар во Кочани беа на лекување во болниците во Софија, Пловдив и Варна. - Четворица од хоспитализираните остануваат под лекарски надзор. Сите други пациенти се успешно отпуштени, велат од Министерството за здравство на Бугарија.


today 4 ч. назад attach_file Наука

4 ч. назад По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома
attach_file Наука
attach_file Разное
attach_file Экономика
2 недель назад Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов
attach_file Экономика
attach_file Разное
прошлый месяц Пет пациенти пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, четворица во критична состојба
attach_file Экономика


ID: 2887963670
Add Watch Country

arrow_drop_down