Базиликата „Свети Петар“ во Рим денеска ќе се претвори во жариште на меѓународната дипломатија кога светските лидери ќе се собираат во неа за да му оддадат последна почит на папата Франциск, кој во понеделникот почина на 88-годишна возраст. Како што наведува бриселскиот портал „Еурактив“, на врвот на голем број листи на желби на присутните ќе биде средба или барем и кратка размена на неколку збора со американскиот претседател Доналд Трамп, кој досега се покажа многу селективен во изборот на тоа со кого ќе се сретне. Меѓу големиот број лидери што ќе присуствуваат на погребот ќе биде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која досега не се најде меѓу оние со кои се сретна Трамп по неговото повторно вселување во Белата куќа во јануари годинава. Според „Еурактив“, Фон дер Лајен би можела да има ретка шанса да се сретне со Трамп на погребот на папата, во услови кога американскиот претседател продолжува да избегнува дијалог со првите луѓе на ЕУ и наместо тоа по со...