47 ч. назад
ВИДЕО: Данела прва нападнала, полицијата веднаш реагира?! Објавена снимка од надзорна камера
Од снимка од надзорна камера се гледа дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир. Таа со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад. Во заднина се слуша женски глас како зборува на висок тон, објавува Плусинфо. https://youtu.be/1FcngF2V6DE Од снимата јасно се гледа дека полицијата веднаш реагира и го приведува мажот. Таа пак, денеска обвини дека пред очи на полицајци напаѓачот ја удирал со клоци и и се заканувал дека ќе ја силува. Арсовска нападот не го пријавила во МВР, туку после инцидентот се упати кон Градската општа болница „8 Септември“ каде денеска беше примена во Ургентниот центар. За нападот при посета на дивоградба во скопски Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево за телевизија Телма рече дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред очите ...
События