home Все Новости open_in_new Подробнее

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја и песок. На местото на пожарот се останати екипи на скопската противпожарната бригада за да интервенираат доколку има потреба. Ангелов информира дека е драстично подобрена состојбата и во депонијата Дрисла. - Останува да биде дозатрупан уште една мал дел. Очекувам во текот на попладневните часови да биде целосно затрупано местото кое овие денови чадеше. На тој начин се целосно затворени двата пожара, изјави директорот на ДЗС и изрази благодарност до скопските пожарникари и до сите други кои учествуваа во справувањето со пожарите.


today 9 ч. назад attach_file События

9 ч. назад Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
attach_file События
attach_file События
attach_file События
attach_file События
attach_file Общество
31 ч. назад Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола
attach_file События
33 ч. назад Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
attach_file События


ID: 2120469751
Add Watch Country

arrow_drop_down