home Все Новости open_in_new Подробнее

Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), пријавени се 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. За денешниот прв екстерен испит се пријавени 9969 ученици за македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик. Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни. Како и во минатите години, и на оваа државна матура најголем број избрале да полагаат англиски јазик (13 457). За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 - француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански јазик. ...


today 7 дн. назад attach_file Экономика

attach_file Технологии
attach_file Разное
attach_file Разное
7 дн. назад Јаневска: Очекувам пообјективни резултати во однос на минатите години
attach_file Разное
7 дн. назад Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит
attach_file Экономика
8 дн. назад Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите
attach_file Разное
attach_file Общество
attach_file Технологии
attach_file Технологии


ID: 2360530071
Add Watch Country

arrow_drop_down