25 ч. назад
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција, најголемиот енергетски проект во изминатите 10 години
НОМАГАС АД Скопје денеска потпиша договор со кумановската фирма Рапид Билд Доо за изградба на гасниот интерконектор со Грција, на потегот од Гевгелија до Неготино во должина од 68 километри, со кој се предвидува целосно да биде готов во рок од 22 месеца и да биде ставен во функција во 2027 година. Изградбата на интерконекторот е финансирана од Владата, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а чини 59,9 милиони евра или 12 милиони помалку од првичната цена на поништениот тендер. -Со потпишувањето на договорот за изградба на македонскиот дел од гасниот интерконектор го означуваме почетокот на најголемата енергетска инвестиција во изминатите 10 години. Тој е израз на нашата заложба за енергетска безбедност, диверзификација на снабдувањето и заштита на интересите на граѓаните и економијата. Се работи за 68 километри модерна инфраструктура што ќе не поврзи со Грција, но многу поважно е дека ќе ја поврзе нашата земја со европските енергетски паза...
Экономика