home Все Новости open_in_new Подробнее

Премиерот Мицкоски ќе говори на престижната Конференција CPAC во Вашингтон

Владата потврди дека премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) 2025 година во Вашингтон, што ќе се одржи од 19 до 22 февруари. – Тој е поканет во својство на премиер. Очекуваме да оствари дополнителни билатерални средби во рамки на неговото присуство во Вашингтон, па очекувам јавноста да биде информирана во наредните денови преку вас, медиумите – изјави портпаролката Марија Митева. Мицкоски на својот профил на Фејсбук ја објави видео-најавата за настанот. Меѓу говорниците ќе бидат Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии и словачкиот премиер Роберт Фицо. Цените на билетите за оваа годишна конференција на конзервативците во САД варираат, односно обичен билет чини 95 долари, додека најскапиот, таканаречен платинест, чини 15.000 долари.


today 53 ч. назад attach_file Общество

attach_file Разное
15 ч. назад Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа
attach_file Политика
attach_file Политика
attach_file Разное
53 ч. назад Премиерот Мицкоски ќе говори на престижната Конференција CPAC во Вашингтон
attach_file Общество
attach_file Общество


ID: 3302522948
Add Watch Country

arrow_drop_down