home Все Новости open_in_new Подробнее

Претреси кај две лица во Куманово поради основи на сомнение за неовластено снимање на зградата на полицијата: Пронајдени 15 дронови, куршуми

Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик, информираат од МВР. Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичкото обезбедување на настан по повод празникот 2 Август, а поради основи на сомнение дека ги направиле Д.Х. и Д.Г. извршени се претресите. Притоа, во домот на Д.Х. се пронајдени, дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет за понатамошна постапка, додека кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови. Со двајцата се извршени службени разговори во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.


today 2 ч. назад attach_file События

2 ч. назад Претреси кај две лица во Куманово поради основи на сомнение за неовластено снимање на зградата на полицијата: Пронајдени 15 дронови, куршуми
attach_file События
2 ч. назад Претреси во Куманово поради основи на сомнение за неовластено снимање на зградата на полицијата: Пронајдени 15 дронови и куршуми
attach_file События
3 дн. назад Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file События
attach_file События
attach_file События


ID: 603567676
Add Watch Country

arrow_drop_down