home Все Новости open_in_new Подробнее

Приведени 13 албански државјани, не поседувале соодветни одобренија и дозволи

Вчера во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци. Тие немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад“, ќе поднесе соодветна пријава.


today 57 ч. назад attach_file Разное

57 ч. назад Приведени 13 албански државјани, не поседувале соодветни одобренија и дозволи
attach_file Разное
attach_file Разное
60 ч. назад Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК
attach_file Разное
attach_file Общество
3 недель назад ДКСК: Започнавме постапка за антикорупциска проверка на законите за угостителска дејност, заштита и спасување, законот за инспекциски надзор, законот за локалната самоуправа
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 2809572490
Add Watch Country

arrow_drop_down