4 ч. назад
Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира
Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира. Да одиме со ред, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Венко Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година. Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Договорот со „Зобек мининг“ бил склучен во септември 2023 година, првично за испорака на 200 илјади тони јаглен за РЕК „Битола“ во рок од една година. Со два анекса количината на испорака била зголемена, прво за 40 илјади тони, а потоа за уште 48 илјади тони, со што доаѓа до вкупна цифра од 288 илјади тони. Според официјално соопштение од „Лигниторихиа Ахладас“, рудникот во Грција каде се копал јагленот, пратено до грчкото Министерство за енергетика, а до кое дошле истражувачките новина...
Экономика