4 недель назад
Манасиевски: Не постои институција во која СДС нема направено криминал, Заев и Димова ја празнеа Агенцијата како да е нивна приватна фирма
Во своето 7 годишно владеење, не постоеше институција во која СДС немаше направено криминал. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција и неспособност. Нема институција во која не влегоа и не оставија пустош кога излегоа. Затоа, пред да излезат повторно со прес-конференции и соопштенија, СДС прво да си го погледнат својот двор. Нивниот двор е полн со луѓе кои извршувале јавни функции и скоро па да нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или пак сторен криминал, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Лидија Димова како член на СДС и како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, ја злоупотреби службената положба и проневери заедно со уште две лица, околу 20 милиони денари, со што Димова направи две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК. За овој случај СДС се тивки, и не зборат, и можеби ќе речат дека Лидија Димова не ја познаваат. Исто така, да ја потсетиме јавноста, дека тогашниот ...
Разное