35 ч. назад
Божиновска: Македонија подготвена за лидерство на Балканот, праведната транзиција без загубени работни места е приоритет
Македонија е подготвена да стане регионален лидер и референтен пример за праведна енергетска транзиција на Западен Балкан. Ова го истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето видео-обраќање на високопрофилниот глобален настан Boosting Country-Led Energy Transformations, што се одржува во Картагена, Колумбија. -Нашата цел е јасна и недвосмислена – брза транзиција која ќе биде праведна за секој работник и секоја заедница што денес зависи од јагленската индустрија, порача Божиновска, подвлекувајќи дека Македонија е решена да покаже дека климатските амбиции може да се спојат со економски развој и енергетска сигурност. Министерката потсети дека Владата веќе усвоила Инвестициски план за забрзана транзиција од јаглен, изработен во партнерство со ЕБОР, IFC и Светска банка. Планот предвидува големи инвестиции во обновливи извори на енергија, модерна електроенергетска мрежа и создавање нови зелени работни места. -Со поддршката на Climate Inves...
Политика