8 дн. назад
Нови значајни здравствени инвестиции: Нова болница во Кичево, проширување на болниците во Штип и Тетово и дигитална трансформација
На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво. Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот објект на Општата болница Кичево, Министерството предлага изградба на целосно нова болница на нова локација. Новиот објект ќе биде планиран како регионален здравствен центар, кој ќе ги опслужува жителите на Кичево, Македонски Брод, Пласница, Зајас, Вранешница и Демир Хисар. Проектот за Штип вклучува дооформување на постојниот објект, кој е во напредна фаза на изградба, како и проширување со нов објект за Медицински факултет, катна гаража и уредување на инфраструктурата согласно современи болнички стандарди. Објектот е проценет како технички и архитектонски погоден за комплетирање и функционализациј...
Экономика