home Все Новости open_in_new Подробнее

Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица

Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени. Големата криминална организација распространета во неколку градови на островот, тргувала со дрога и оружје, уценувала и изнудувала пари, а преку хотели, ербиенби и бич барови перела пари. Меѓу членовите имало и воени лица и полицајци, кои или активно учествувале во трговијата со дрога и оружје или криминалната организација ја информирале за активностите на грчката полиција. „Катимерини“ пишува дека во трговијата со дрога биле вклучени и албански и египетски државјани, додека во шверцот на оружје биле само Грци.


today 9 дн. назад attach_file События

attach_file Разное
attach_file События
8 дн. назад Забраната за движење во шумите се продолжува до 30 септември
attach_file Разное
9 дн. назад Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица
attach_file События
attach_file Общество
attach_file События
2 недель назад Повеќе од половина Романци не го сметаат легионерското движење за криминално
attach_file Разное


ID: 1040509180
Add Watch Country

arrow_drop_down