home Все Новости open_in_new Подробнее

Рекорд на сите времиња – Столе Димитриевски 711 минути без примен гол

Заокружен е рекордот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, а беше премногу блиску да ја продолжи серијата. Погодокот на Велс во последните секунди од средбата значеше крај на серијата на Столе без примен гол која заврши со 711 минути (со оглед на фактот дека при статистичките пресметки не се земаат минутите од судиските продолженија на натпреварите), што е апсолутен рекорд на сите времиња во македонскиот репрезентативен фудбал! И останатите два најдолги серии во репрезентативниот фудбал се сопственост на Димитриевски. Досега најдолга минутажа беше 326 минути, која исто така беше во сопственост на Димитриевски за време на квалификациите за СП 2018 и мечевите против Италија (1-1) и Лихтенштајн (4-0), а дополнета со пријателските натпревари со Норвешка (2-0), Финска (0-0) и Азербејџан (1-1). Интересно, и третата најдолга минутажа во историјата на репрезентативниот фудбал е сопственост на Столе Димитриевски од 301 минута, во Лигата на нациите 2018.


today 3 недель назад attach_file Общество

attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
3 недель назад Рекорд на сите времиња – Столе Димитриевски 711 минути без примен гол
attach_file Общество
attach_file Спорт
3 недель назад Македонија испушти победа против Велс во судиското надополнување
attach_file Общество


ID: 591963717
Add Watch Country

arrow_drop_down