неделю назад
Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи
Белгија во наредните години планира постепена замена на традиционалните розови хартиените возачки дозволи, се до нивното целосно укинување во 2033 година, од кого во употреба ќе бидат само пластичните верзии на дозволите. - Хартиените возачки дозволи ќе истечат во 2033 година. Потоа сите ќе имаат возачки дозволи во стилот на банкарска картичка, информира портпаролот на белгиската Федерална јавна служба за мобилност, Томас Де Шпихеларе. Тој посочи дека целта на оваа замена е сите жители на ЕУ да користат ист тип возачки дозволи, кои ќе бидат препознатливи низ целата Унија и нивната валидност лесно ќе може да се провери во секоја земја членка. - Луѓето на кои од сега ќе им биде потребна нова возачка дозвола, од една или друга причина, по автоматизам ќе добиваат дозвола по моделот на банкарска картичка. Ова значи дека хартиените возачки дозволи постепено се укинуваат, изјави Де Шпихеларе за белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. Според него, со приближувањето на 2033 година, Службат...
Наука