home Все Новости open_in_new Подробнее

Романската влада го преживеа гласањето доверба и ги зголеми даноците

Три недели старата коалициска влада на романскиот премиер Илија Боложан синоќа го преживеа гласањето доверба, што ѝ овозможи да ги протурка непопуларните зголемувања на даноците потребни за намалување на најголемиот буџетски дефицит во Европската Унија. Владата забрзано, преку парламентот, ги усвои зголемувањето на ДДВ, на акцизите и другите давачки од август со цел да се спречи намалувањето на рејтингот под инвестициското ниво и да го деблокира пристапот до фондовите на ЕУ. Широката владина коалиција од четири проевропски партии ја презеде власта кон крајот на јуни, со што заврши повеќемесечниот политички ќорсокак откако претседателските избори беа откажани во декември и повторени во мај. Партиите се двоумеа на зголемувањата, кои беа критикувани од работодавачите и синдикалците, додека илјадници работници во јавниот сектор организираа протести. Крајнодесничарската опозиција во понеделникот поднесе предлог за гласање недоверба и навести дека ќе поднесе уште предлози. -Разбирам дека ...


today 54 ч. назад attach_file Разное

54 ч. назад Романската влада го преживеа гласањето доверба и ги зголеми даноците
attach_file Разное
attach_file Разное
5 дн. назад Кузманоска: Овој ребаланс е резултат на добра наплата на приходите и паметно управување
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Политика
attach_file Общество


ID: 16001003
Add Watch Country

arrow_drop_down