home Все Новости open_in_new Подробнее

Скај Њуз: Зеленски засега не е подготвен да го потпише договорот за минерали со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски засега не е подготвен да потпише договор за минерали со САД, бидејќи Киев гледа „голем број проблематични точки“ во неговата содржина, јавува „Скај њуз“, повикувајќи се на украински извор запознаен со преговорите. Иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се близу до договор, украински извори тврдат дека постојните предлози не го одразуваат партнерството и содржат „еднострани обврски само за Украина“. Трамп претходно најави дека бара пристап до украинските минерални ресурси во замена за воена поддршка. Неговиот советник за национална безбедност Мајк Волц изјави дека договорот ќе биде потпишан „наскоро“, но украински извори тврдат дека засега нема согласност од страна на Зеленски. Според медиумски извештаи, американските преговарачи разгледуваат и можност да ѝ го укинат пристапот на Украина до сателитскиот интернет систем „Старлинк“ на Илон Маск, доколку Киев не прифати договор.


today 10 ч. назад attach_file Политика

10 ч. назад Скај Њуз: Зеленски засега не е подготвен да го потпише договорот за минерали со САД
attach_file Политика
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Транспорт
attach_file Разное
attach_file Политика


ID: 626532757
Add Watch Country

arrow_drop_down