home Все Новости open_in_new Подробнее

Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот Кочани

Во Скопје и денеска им се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во ужасната трагедија. Денеска во Кочани, Штип, Облешево, Скопје се одржуваат погребните церемонии за починатите во пожарот. Погребната церемонија во Кочани, од каде потекнуваат најголем дел од починатите, е во 12 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. На 16 март утрината околу 2:35 часот избувна пожар во клубот „Пулс“ во Кочани за време на концерт на групата ДНК. Во пожарот загинаа 59 лица меѓу кои и осум члена на групата ДНК. Меѓу загинатите има шест лица со возраст под 18 години, а највозрасниот загинат има 48 години. Во пожарот беа повредени над 180 лица кои се згрижени во болници во земјава и во странство. Во државава во моментов се лекуваат 72 пациента, а надвор 101, додека три лица веќе се пуштени на домашно лекување.



Скопјани на плоштадот „Македонија“ оддаваат почит на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Погребните церемонии се одржуваат во Кочани, Штип, Облешево и Скопје. Погребната церемонија во Кочани ќе ја води поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

today 28 ч. назад attach_file События

attach_file События
attach_file Разное
attach_file Экономика
attach_file Разное
8 ч. назад Денеска комеморација за штипјаните кои загинаа во пожарот во Кочани
attach_file Экономика
attach_file Общество
24 ч. назад Српското Министерство за информации и телекомуникации бара отстранување на фотографии и видеа од погребот во Кочани
attach_file Общество
attach_file Разное
28 ч. назад Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот Кочани
attach_file События
attach_file Наука
29 ч. назад Шестмина малолетници меѓу загинатите во дискотеката во Кочани, најмладите имаат 16 години – Објавена возраста на сите жртви
attach_file Наука
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
33 ч. назад МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани – почивајте во мир!
attach_file Разное
attach_file Разное
48 ч. назад Тошковски: За утрешниот ден апелирам да не се пренесуваат трогателни сцени
attach_file Разное
attach_file Разное
51 ч. назад Штип утре ќе се прости од загинатите во пожарот во Кочани, воведен дополнителен бесплатен автобуски превоз до градските гробишта
attach_file Транспорт


ID: 877905081
Add Watch Country

arrow_drop_down