6 дн. назад
Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и во Тетово
Во Охрид и околината, поради обилните врнежи од дожд, има поплавени подруми, дворови и неколку објекти во градот. Некои водотеци се излеани, локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, а екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат и ја отстрануваат водата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат, во Кичево и околните населби се појавува вода во подрумските простории и на дел од површините. - Некоио од граѓаните се евакуирани и сместени во привремени објекти со обезбедена храна и здравствена заштита. Поплави се забележуваат на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината и Црвен крст - Кичево обезбедуваат сместување, храна и лекови, ЈП „Комуналец“ интервенира на локациите со излеана вода, а екипи на итната медицинска помош ја обезбедуваат здравствената заштита на евакуираните лица, соопшти ЦУК. Во регионот на Битола, додаваат, зголемен е водостојот на локалните реки со појави на локални излевања, при што се поплавени ку...
Разное