4 недель назад
Баварија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува дронови по инцидентите над Минхен
Јужната германска покраина Баварија вчера презеде чекори за да ѝ овозможи на полицијата да урива дронови, неколку дена откако кај аеродромот во Минхен беа забележани дрнови кои го попречија работењето на аеродромот. Инцидентите од минатата недела, по слични случаи во Данска, поттикнаа дебата низ цела Германија за тоа како да се постапува со неидентификувани дронови во воздушниот простор на земјата. Инцидентите најчесто се припишуваат на Русија, иако Москва го негира тоа, пренесе ДПА. Соборувањето на дронови се смета за правно спорно и технички тешко, но баварската влада вчера усвои предлог-закон со кој на покраинската полиција ѝ се дава овластување да ги уништува дроновите ако се оцени дека тоа е неопходно. Законот треба да биде одобрен во покраинскиот парламент во Минхен. - Нема потреба од паника, но има причина за голема претпазливост, изјави премиерот Маркус Зедер, наведувајќи дека инцидентите со дронови „ја променија ситуацијата“. - На крајот, подобро е да ги урнеме отколку да ч...
События