4 ч. назад
Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи, Собранието ја отфрли интерпелацијата
Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ. Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Расправатаја одбележаа меѓусебни обвинувања за институционални пропусти, политичка одговорност и неспособност во справувањето со безбедносните предизвици. Левица го обвини Тошковски дека несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР. Според Левица, МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир, плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласно...
Разное