8 дн. назад
Пренџов: Создаваме економија што работи за граѓаните, за компаниите и за иднината на нашата земја
Вчера, Собранието на Република Македонија го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. „Со оваа законска интервенција, правиме важен и конкретен чекор напред во спроведувањето на економски реформи кои носат реални резултати. Создаваме економија што работи – и тоа не теоретски, туку практично – економија што работи за граѓаните, за компаниите и за иднината на нашата земја. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде зелено светло на планот на Владата за намалување на царинските давачки за голем број суровини и репроматеријали кои се клучни за домашната индустрија и енергетскиот сектор“, додаде тој. „Списокот опфаќа 67 производи, и е изработен на транспарентен и инклузивен начин, во соработка со Стопанската комора и бизнис-заедницата. Со предлогот се предвидува намалување до 50% на царинските стапки кои важат во ЕУ. Дополнително, се укинуваат царинит...
Общество