home Все Новости open_in_new Подробнее

Советот за човекови права на ОН ќе одржи итна дебата за израелската воена акција

Советот за човекови права на ОН соопшти дека утре ќе одржи итна дебата за „неодамнешната воена агресија“ на Израел откако минатата недела нападна цели во Доха каде што престојуваа лидерите на палестинската милитантна група Хамас. Советот на ОН соопшти дека добил две формални барања за дебата - едно од Пакистан во име на земјите-членки на Организацијата за исламска соработка и другото од Кувајт во име на Советот за соработка во Персискиот Залив, објави денеска „Тајмс оф Израел“. Состанокот ќе ја одбележи десеттата итна дебата на советот од неговото основање во 2006 година, при што Израел го обвинува телото на ОН дека е опседнато со однесувањето на земјата, а ги игнорира кршењата на правата низ целиот свет, вклучително и од страна на сопствените земји-членки. Израел минатата недела изврши воздушен напад врз лидерите на Хамас кои се состанаа во главниот град на Катар, при што загинаа пет членови на Хамас и еден офицер за безбедност на Катар, предизвикувајќи широка меѓународна осуда.


today 12 ч. назад attach_file Экономика

attach_file Политика
attach_file События
12 ч. назад Советот за човекови права на ОН ќе одржи итна дебата за израелската воена акција
attach_file Экономика
4 дн. назад Пирц Мусар и Матарела: Потребно е забрзување на проширувањето на ЕУ
attach_file Разное
attach_file Общество
2 недель назад Либан на 31 август ќе го претстави планот за разоружување на Хезболах
attach_file События
3 недель назад Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file События


ID: 232978889
Add Watch Country

arrow_drop_down