17 ч. назад
Голем број настани во општина Аеродром на кои ќе можат да уживаат сите генерации
Оваа сончева сабота е исполнета со голем број настани во Општина Аеродром, на кои можат да уживаат сите генерации. Денеска во СЦ „Јане Сандански“ се одржува првиот меѓународен и национален таеквондо турнир „АЕРОДРОМ ОПЕН“ на кој се натпреваруваат над 300 учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Македонија досега има постигнато големи успеси во таеквондо и веќе имаме докажани спортисти на светско ниво кои редовно носат медали и победи во нашата земја. Турнирот е во организација на ТК „Те Макс“ со поддршка од Македонската таеквондо федерација и ќе биде дел од новиот лига систем Федерацијата. В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, го прогласи турнирот за отворен и им посака успешни борби на сите учесници со надеж дека покрај победите со себе ќе понесат и убави спомени од Општина Аеродром. Исто така, во ТЦ „Капитол“ денеска и утре ќе бидат изложени креативните изработки на ученици од основните училишта од Аеродром, кои служат за еколошка едукац...
Разное