home Все Новости open_in_new Подробнее

Спречено проширување на пожарот: Нема повредени пациенти и персонал од Психијатриската болница во Бардовци

По пожарот што денеска зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост. -Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот, информира Министерството за здравство. Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран. Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.


today 12 ч. назад attach_file События

attach_file Разное
12 ч. назад Спречено проширување на пожарот: Нема повредени пациенти и персонал од Психијатриската болница во Бардовци
attach_file События
attach_file События
attach_file События
attach_file События
14 ч. назад ФОТО: Пожар во ГеГе и дворот на Психијатриската болница Бардовци, пациентите и персоналот евакуирани
attach_file Общество
7 дн. назад ТРОЈЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ СЀ УШТЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО Втората група заминува во Пониква во втората половина на јули
attach_file События


ID: 45798094
Add Watch Country

arrow_drop_down