8 ч. назад
Делегатот на ЕХФ: „Натпреварот е перфектно организиран “, конечната одлука во вторник!
Дефинитивната одлука на ЕХФ за неодиграниот финален натпревар во Европскиот куп меѓу Алкалоид и грчки АЕК во Скопје, се очекува да биде донесена во вторник (27 мај) на состанокот на Натпреварувачката комисија на ЕХФ а во координација со Извршниот комитет на европската ракометна куќа. Но, сосема е јасно дека не постои друга одлука освен службена победа за Алкалоид и дефинитивно прогласување на македонскиот тим за победник на годинашниот Европски куп на ЕХФ. Потврда за една таква одлука е и ставот на делегатот на ЕХФ на денешното финале, кој пред мечот констатирал дека натпреварот е перфектно организиран од Алкалоид без ниту најмал проблем. „Ние уште пред натпреварот, преку целокупната координација со ЕХФ, добивме пофалби од делегатот на дуелот дека натпреварот е перфектно организиран. Тоа доволно причината за неодигрувањето лежи единствено кај спротивната страна“ – истакна по мечот претставникот на Алкалод, Зоран Цветановски. Цветановски потврди, во изјава за Македонската радио телев...
Разное