home Все Новости open_in_new Подробнее

Средба на министерот Муцунски со казахстанскиот министер за надворешни работи

Во рамки на работната посета на Република Казахстан, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу. Во фокусот на разговорите беа можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје. Двајцата министри се согласија дека постои значителен потенцијал за понатамошно продлабочување на односите, особено во економската сфера – преку зголемување на трговската размена и поттикнување на странски директни инвестиции. Беше истакнато и задоволството од досегашната соработка на мултилатерален план, при што беа разменети мислења за низа актуелни прашања од регионален и поширок контекст. Средбата беше заокружена со потпишување на Програмата за соработка меѓу двете министерства за периодот 2025–2027 година, како конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи.


today 3 дн. назад attach_file Разное

23 ч. назад Проштални средби на министерот Муцунски со амбасадорките на Република Србија и Кралството Шведска
attach_file Разное
3 дн. назад Средба на министерот Муцунски со казахстанскиот министер за надворешни работи
attach_file Разное
7 дн. назад Муцунски со благодарност за поддршката на Франција за Кочани
attach_file Разное
attach_file Разное
2 недель назад МуцунскиЏејмисон Грир: Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите
attach_file Экономика
attach_file Политика
3 недель назад Муцунски на средба со бизнис делегација од Источниот комитет на германското стопанство
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 2288658084
Add Watch Country

arrow_drop_down