home Все Новости open_in_new Подробнее

Српското Министерство за информации и телекомуникации бара отстранување на фотографии и видеа од погребот во Кочани

Српското Министерство за информации и телекомуникации денеска издаде јавно предупредување и побара од српските медиуми да ги отстранат фотографиите и снимките што „го нарушуваат достоинството на жртвите и нивните семејства“ од погребот на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави дописникот на МИА од Белград. „Со таквото дејствување, бројни медиуми го нарушија достоинството на жртвите, предизвикаа вознемиреност кај нивните роднини и целата јавност, но и демонстрираа недостиг на свест за потребата од почитување на елементарните професионални стандарди“, се вели во соопштението на Министерството. Министерството апелираше до медиумите да се придржуваат до законските одредби, професионалните и етичките стандарди при известувањето за прашања од јавен интерес. Тие укажаа на потребата од „зголемено новинарско внимание“ во случаите што вклучуваат теми што можат дополнително да ја вознемират јавноста.


today 4 недель назад attach_file Общество

attach_file Политика
attach_file Общество
4 недель назад Српското Министерство за информации и телекомуникации бара отстранување на фотографии и видеа од погребот во Кочани
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Общество


ID: 3202547572
Add Watch Country

arrow_drop_down