home Все Новости open_in_new Подробнее

Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави за МИА, Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата. Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа што, како што рече, идентификацијата не се извршува само со обдукција, туку и со ДНК анализи. Станува збор за два паралелни процеса. - Работиме со планирано темпо. Паралелно се вршат и обдукција и ДНК анализи. Собрани се ДНК материјали за споредба, од роднините на починатите. Очекуваме брзо да се заврши работата. Не може точно да се каже кога, приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може телата да си ги подигнат роднините, нагласи Станков во изјава за МИА.


today 19 ч. назад attach_file События

attach_file События
attach_file События
attach_file Общество
attach_file Общество
19 ч. назад Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата
attach_file События
attach_file Наука
42 ч. назад Станков: Интензивно работиме на обдукција на загинатите во пожарот во Кочани
attach_file События
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file События


ID: 1443879276
Add Watch Country

arrow_drop_down