3 дн. назад
МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025
Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за оние кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некои од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа. Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември, соопшти на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа потсети дека станува збор за мерка што веќе 15 години ја спроведува државата, но, овојпат, со одредени модификации на условите за корисниците по стекнувањето на дипломата. - Целта на измените е да се обезбеди ефективност на оваа мерка што, чини многу пари, ако се има предвид дека студирањето на најдобрите универзитети е исклучително скапо и на годишно ниво исплаќаме до 40.000 американски долари само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз на нашите студенти, поја...
Общество