23 ч. назад
ЗНАМ: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата
Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија денеска одржа прес конференција на која ги сумираше резултатите од Вториот Конгрес што се одржа вчера, 29 јуни 2025 година. Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, рече дека испраќаат силна порака дека се етаблираат и издигнуваат како стабилен, организиран и одговорен политички субјект, со визија што не се продава, со структура што не се урива, и со волја што не се покорува. - На Конгресот, повеќе од 420 делегати едногласно му ја доверија претседателската функција на Максим Димитриевски за нов четиригодишен мандат. Ова не е само доверба. Ова е императив дека ќе продолжиме да ја водиме Македонија не со калкулантство и пазарење, туку со чесност, државотворност и непоколеблива посветеност кон народот. Претседателот Димитриевски пред присутните ја нагласи суштината на нашето делување: Одговорност, отчетност, посветеност. Ова се темелите на кои ја рушиме старата партиска матрица и градиме нов поредок, рече Мемов. Тој потенцира дека ЗНАМ не влегол во инст...
Разное