home Все Новости open_in_new Подробнее

Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ

Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јавија утрово сараевските медиуми. Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол, а моментално се чека потврда од Генералниот секретаријат на Европол во Лион. Канцеларијата на Интерпол во Сараево ја внесе меѓународна потерница во системот, откако Судот на БиХ ја издаде. Тој налог, всушност, не е активен. Тоа може да го видат само луѓето кои работат во контакт точките на Интерпол. Државите не смеат да постапуваат по овој налог додека од  Лион официјално не се одобри распишување потерница, нагласуваат медиумите во Сараево. Во потерницата се наведува дека именуваните лица се државјани на Босна и Херцеговина и на Република Србија. Додик и Стевандиќ се бараат за кривично гонење за сторено кривично дело Напад врз уставниот поредок од чл. 156 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.  (МИА)



Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница по Милорад Додик и Ненад Стевандиќ. Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол и се чека потврда од Европол.

today 3 дн. назад attach_file Общество

attach_file Общество
attach_file Разное
attach_file Культура
attach_file Политика
attach_file Общество
attach_file Общество
3 дн. назад Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ
attach_file Общество
attach_file События
attach_file Общество
attach_file События
3 недель назад Шмит ги повика институциите на БиХ да го заштитат уставниот поредок на земјата
attach_file Разное
attach_file Общество


ID: 2731441366
Add Watch Country

arrow_drop_down