home Все Новости open_in_new Подробнее

Телефонски разговор на министерот Муцунски со шефот на дипломатијата на Кралството Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд. Во разговорот беше нагласена заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор од страна на министерот Муцунски беше потенцирано отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што се смета за поттик за продлабочување на соработката во економските и другите области од заеднички интерес. Притоа, од страна на министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, беше поздравена оваа иницијатива. Тој ја реафирмираше подготвеноста на Кралството за натамошно зацврстување на пријателските односи и зголемување на динамиката на политичкиот, економскиот и институционалниот дијалог меѓу двете земји.


today 7 дн. назад attach_file Политика

7 дн. назад Телефонски разговор на министерот Муцунски со шефот на дипломатијата на Кралството Саудиска Арабија
attach_file Политика
неделю назад Муцунски: Планот А е полноправно членство во ЕУ, од Брисел очекуваме предвидливост, а не решение по секоја цена
attach_file Экономика
attach_file Экономика
attach_file Экономика
attach_file Общество
attach_file Разное


ID: 1394081858
Add Watch Country

arrow_drop_down