home Все Новости open_in_new Подробнее

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани

Тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Педесет и деветгодишникот синоќа во 19 часот пријавил дека од В.К., на возраст од 46 години, во присуство на С.С., 47-годишно лице, двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра. - Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години, сѐ до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот, вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два стана - еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил како гаранција со нотарски акт за долгот, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


today неделю назад attach_file События

9 дн. назад Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал
attach_file Общество
неделю назад Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
attach_file События
attach_file Экономика
attach_file События
attach_file События
attach_file Разное


ID: 3460405778
Add Watch Country

arrow_drop_down