неделю назад
Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава, кои на 2500 метри височина го одржуваат телекомуникацискиот систем на МВР во функција
Денеска, на првиот ден од новата година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги посети полициските службеници од Одделот за информатика и телекомуникации на МВР, кои службено се ангажирани на врвот Солунска Глава, на надморска височина од над 2.500 метри, во смени кои траат и до 15 дена. Додека за многумина Новата година започнува во топлината на домот, дел од вработените во Министерството за внатрешни работи ја дочекуваат и ја започнуваат годината на должност, во исклучително тешки услови и на голема надморска височина. Министерот Тошковски беше информиран за нивните тековни активности и за начинот на кој и во вакви екстремни услови се обезбедува непречено, сигурно и стабилно функционирање на комуникациските и информациските системи на Министерството за внатрешни работи. -Оваа работа, иако далеку од очите на јавноста, претставува еден од клучните столбови за ефикасното функционирање на полицијата и безбедносниот систем во целина. Без стабилна и безбедна комуникација, пол...
Разное